Почитувани колеги,
Ве известуваме дека, на барање на организаторот – Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, на 16.09.2026 година, изврши акредитација на две стручни работилници кои ќе се одржат во рамките на 11. Меѓународна научна конференција „Денови на ветеринарната медицина 2026 – DVM 2026“, во хотел „Дрим“ во Струга.
Акредитирани се следните работилници:
1. „Практични клинички техники кај домашни миленици и егзотични животни: Фокус на итни состојби и интензивна нега“
Организатор: Факултет за ветеринарна медицина – Скопје (Универзитетска ветеринарна болница)
Датум: 18 септември 2026 година (петок)
Почеток: 09:00 часот (регистрација од 07:30 часот)
Локација: Хотел „Дрим“, Струга
Акредитација: 11 бодови за континуирана стручна едукација
Работилницата опфаќа стручни предавања, презентација и дискусија на клинички случаи, како и практична hands-on работа, со посебен фокус на итни состојби и интензивна нега кај домашните миленици и егзотичните видови животни.
Котизацијата изнесува 150 евра во денарска противвредност и вклучува учество, практична работа, кафе-паузи, ручек, свечена вечера и сертификат.
Програмата е достапна на: https://dvm2026.mk/workshop/
Поради практичниот карактер на работилницата и работата во помали групи, бројот на учесници е ограничен на 50 лица и потребна е претходна регистрација.
Регистрација:
https://forms.cloud.microsoft/pages/responsepage.aspx?id=UMIzNo8RGkK6U5UgzhZUJCefR9owUABPqcwvlsgmkGZUQUhHNjdFNVJJMUlITEdJRElVNk5QUU1UVi4u&route=shorturl
2. „Инвестиции за подобрување на генетскиот потенцијал на млечните крави во Република Северна Македонија преку употреба на сексиран семенски материјал и ембриотрансфер“
Организатор: Факултет за ветеринарна медицина – Скопје, во соработка со Faculty of Veterinary Medicine – Universität Leipzig
Датум: 17 септември 2026 година (четврток)
Време: 10:00–17:00 часот
Локација: Хотел „Дрим“, Струга
Акредитација: 6 бодови за континуирана стручна едукација
Работилницата ги опфаќа современите методи за подобрување на генетскиот потенцијал кај говедата, вклучувајќи примена на ембриотрансфер (MOET), Ovum pick-up (OPU), in vitro продукција на ембриони и користење на CASA системи.
Учеството на работилницата е бесплатно,со максимално 30 учесници и задолжителна претходна регистрација.
Програмата е достапна на: https://dvm2026.mk/workshop/
Регистрација: https://forms.cloud.microsoft/pages/responsepage.aspx?id=UMIzNo8RGkK6U5UgzhZUJCefR9owUABPqcwvlsgmkGZUMERUMEVZOEwwMTVQNUlVWEZNV1VGTzNYSy4u&route=shortur
ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА