• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Лиценци за работа

Ветеринарна дејност во Република Северна Македонија може да  врши доктор по ветеринарна медицина со лиценца за работа издадена од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Лиценцата за вршење на ветеринарната дејност е јавна исправа и се издава во форма на потврда и легитимација.

Начинот на издавање, продолжување и одземање на лиценца за работа е уредено со Правилник за начинот на издавање, продолжување и одземање на лиценца за работа.

ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА

Ветеринарна Комора на Република Северна Македонија ја издава лиценцата за работа врз основа на писмено барање за издавање на лиценца за работа поднесено од докторот по ветеринарна медицина.

Во прилог на барањето за издавање на лиценца за работа докторот по ветеринарна  медицина доставува и:

  • диплома (копија заверена на нотар);
  • потврда за приправнички стаж и прилог: контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор;
  • потврда за членство во Комората (да има поднесено пријава за упис во регистар и уплата за членарина за тековната година);
  • доказ за уплата за издавање на лиценца за работа;
  • мала фотографија со димензии 45x35 мм.

Висината на надоместокот за издавање на лиценца за работа ја утврдува Собранието на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија со одобрение на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и изнесува 6000 денари.

Пример за уплата за издавање на лиценца за работа

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА

Продолжувањето на лиценцата за работа се врши пред истекот на периодот на важноста на лиценцата за работа.

Докторот по ветеринарна  медицина поднесува барање за продолжување на лиценцата за работа 90 дена пред денот на истекот на рокот на важноста на лиценцата за работа до Комората .

Во прилог на барањето за продолжување на лиценца за работа, докторот по ветеринарна медицина доставува:

  • докази дека во периодот на важноста на лиценцата за работа се стекнал со минимум 100 бодови добиени со континуирана едукација, согласно критериумите пропишани со Правилникот за облиците на континунирано стручно усовршување од Комората;
  • Пополнета евиденциона картица за учество на КСУ;
  • Потврда дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централен регистар на РСМ;
  • Доказ за уплата за продолжување на лиценца за работа во износ од 6000 денари и  членарина за тековната година.

Пример за уплата за продолжување на лиценца за работа

ОДЗЕМАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА

Судот на честа на Комората може на докторот по ветеринарна медицина привремено да му ја одземе лиценцата за работа, но не подолго од 6 месеци ако во постапка е утврдена и докажана повреда на Статутот, Кодексот на професионалните етички должности и права и другите правила.

Во најтешките случаеви на кршење на Статутот, Кодексот и другите правила заедно со докажани кривични дела, Судот на честа може да му ја одземе лиценцата за работа на подолг временски рок, или трајно.

 

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња