Согласно заклучокот од 29-то Собрание на ВКМ, Извршниот одбор на Комората на 44-та седница одржана на 12.08.2025 година го донесе новиот ценовник за минимални цени за ветеринарните услуги.
Овој ценовник е еден од најзначајните акти на Комората, утврден со Законот за ветеринарно здравство и Статутот на ВКМ, а неговото спроведување е задолжително за сите правни и физички лица кои вршат апликативна ветеринарно-здравствена дејност на територијата на Република Македонија.
Во согласност со горенаведеното, сите засегнати субјекти се должни веднаш да ја прилагодат својата ценовна политика кон новиот ценовник.
Имајте предвид дека тој утврдува само минимален ценовен праг (кој е обврзувачки), додека цената над тој праг се формира слободно, во согласност со пазарните услови.
Непочитувањето на Минималниот ценовник претставува сериозен прекршок и нарушување на професионалната дисциплина и утврдените норми, и се санкционира согласно член 13 став 5 точка 7 од Законот за ветеринарно здравство (123/2015) и член 16 став 2 од Статутот на Ветеринарната комора на Р. Македонија
Минималниот ценовник ќе биде пратен по електронска пошта на сите управители на ветеринарни друштва, а исто така е достапен и за преземање на веб-страницата на Комората.