Секоја година, на 4 октомври, луѓето ширум светот го прославуваат Светскиот ден на животните, познат и како Светски ден за благосостојба на животните, кој служи како моќен потсетник за нашата одговорност за заштита и грижа за животните.
Служи како Меѓународен ден на акција за правата и благосостојбата на животните. Овој датум е избран затоа што се совпаѓа со празникот на Франциско од Асизи, кој е светец-заштитник на животните.
Овој посебен ден е посветен на подигање на свеста за потребата од подобрување на стандардите за третман и благосостојба на животните ширум светот. На Светскиот ден на животните, љубителите на животните се обединуваат за да ги едуцираат другите и да се залагаат за акција против суровоста кон животните, занемарувањето и каков било нефер третман на животните.
Светски ден на животните 2023: Тема
Темата за Светскиот ден на животните 2023 година е „Големи или мали, сакај ги сите“. Целта на овогодинешниот Светски ден на животните е да се подигнат стандардите за грижа за животните на глобално ниво преку промовирање на правата на животните.
Светски ден на животните 2023: Историја
Концептот на Светскиот ден на животните првично бил замислен од Хајнрих Цимерман, писател и издавач на германското списание „Mensch und Hund“ (Човек и куче). Тој ја организирал првата прослава на Светскиот ден на животните на 24 март 1925 година во Спортската палата во Берлин, Германија, каде повеќе од 5.000 луѓе присуствувале на овој настан.
Цимерман бил посветен на промовирање на Светскиот ден на животните и во мај 1931 година, неговиот предлог официјално да се прослави 4 октомври како Светски ден на животните добил едногласно одобрение и е усвоен како резолуција за време на Меѓународниот конгрес за заштита на животните во Фиренца, Италија.
За понатамошно проширување на досегот на овој настан, во 2003 година, добротворната организација за заштита на животните со седиште во Велика Британија, Naturewatch Foundation, ја отвори веб-страницата на Светскиот ден на животните. Оваа иницијатива има за цел да се поврзе и да вклучи уште повеќе луѓе во каузата.
Светски ден на животните 2023: Значење
Светскиот ден на животните ги обединува посветените љубители на животните од целиот свет и тие учествуваат на различни уникатни начини за промовирање на заштитата и зачувувањето на животните. Со текот на годините, вклученоста на луѓето во Светскиот ден на животните значително се зголемува, што доведе до широк спектар на инспиративни настани што се случуваат во многу земји.
Тоа е ден на прослава за сите оние кои се грижат за животните ширум светот. Не потсетува дека секој поединец може да има позитивно влијание и кога ќе се здружат силите, може да се влијае на заштита и зачувување на животните за генерациите што доаѓаат.
Светскиот ден на животните може да се пофали со мрежа од 90 амбасадори во над 70 земји, почнувајќи од Андора и Австралија до Соединетите Американски Држави и Зимбабве, као и државите од нашиот регион.
Денес тоа е ден кога првенствено се укажува на проблемот на хуманиот однос кон животните, како и на нужноста од нивно зачувување во природата.
Без разлика дали се домашни миленици, диви животни или фармски животни, секое животно значително придонесува за еколошката рамнотежа и го збогатуваат нашиот живот на уникатен начин.
На крај апелираме дека Светскиот ден на животните не е само еднодневна работа, туку отскочна штица кон создавање трајна промена во начинот на кој животните се третираат. Преку колективни напори, можеме да работиме кон посочувствителен свет каде секое суштество е почитувано и ценето.