• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Известување за одржување на еднодневна обука

објавено на 10.04.2023

Почитувани колешки и колеги,

Согласно препораките дадени од аудиотори на Европската комисија по спроведени мисии во нашата држава , а со цел зајакнување на националните капацитети , во коорганизација на АХВ, ФВМС и ВКМ планирано е во текот на 2023 година да се организираат три различни обуки.

      Во врска со ова  Ве известуваме дека  Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарната комора на Р.С. Македонија , ја организираат првата еднодневна обука за Авијарна инфлуенца и Њукастелска болест. 

Обуката има за цел да го освежи знаењето на учесниците за рано препознавање и навремено дијагностицирање на овие болести, принципите на нивна контрола, целите и активностите на Програмата за авијарна инфлуенца, како и мерките за биосигурност при реализација на истата.

Обуката ќе се одржи во Предавална 1 на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје во две групи од по максимално 50 учесници (вкупно 100 учесници) и тоа :

  • првата група на 10.04.2023 година (понеделник) од 8:30 до 15:30 часот  и
  • втората група на 11.04.2023 година (вторник) од 8:30 до 15:30 часот

Агендата Ви е дадена во прилог на мејлот.

Обуката е бесплатна и е акредитирана од Ветеринарна комора на Р.С. Македонија со 3 (три) бодови, а е наменета исклучиво за доктори по ветеринарна медицина кои работат во ВД  вклучени во извршување на активности од јавен интерес.

Регистрацијата за учество  ќе биде отворена до пополнување на бројот од 50 учесници на следните линкови:

  • 10.04.2023 год,(понеделник) линк за пријава: https://forms.gle/vSUuhdw3jU4yLZzZ8
  • 11.04.2023 год,(вторник) линк за пријава: https://forms.gle/6SGCvYvkGttErWrA6

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња