• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Список на ветеринарни друштва кои ќе вршат бесплатно микрочипирање на домашните миленици

објавено на 01.09.2018

На 1 септември 2018 година Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Ветеринарната комора на Република Македонија преку Ветеринарните друштва, започна со реализација на кампањата за бесплатна идентификација и регистрација (чипирање) на домашните миленици.

За таа цел АХВ набави 100000 микрочипови, истите бесплатно се поделени по ветеринарните друштва во Р.Македонија , кои од своја страна без никаков надоместок и на свој трошок ќе ја спроведат постапката на идентификација и регистрација на домашните миленици.
Кампањата за бесплатна идентификација и регистрација ќе трае до 31.03.2019 година, сопствениците ќе ја добиваат услугата по принципот ,,прв дојден прв услужен,,.

Чипирањето на домашните миленици (кучиња и мачки) е законска обврска на секој сопственик , пропишана со Законот за идентификација и регистрација на животните и Правилникот за идентификација и регистрација на домашните миленици.

Не извршувањето на обврската повлекува изрекување на соодветна материјална санкција –глоба.

Сопствениците на кучиња и мачки уште од најрана возраст се обврзани да ги однесат домашните миленици во ветеринарно друштво по сопствен избор, за да им се вгради микрочип и се изврши регистрација во Електронската база на податоци во ИСАХВ. Во таа прилика, овластеното ветеринарно друштво на одгледувачот на домашниот миленик му издава ПАСОШ за домашен миленик, што претставува здравствена легитимација во која се евидентираат сите вакцинации и други медицински третмани и истовремено претставува патна исправа за животното. Сопствениците ги сносат трошоците за издавање на пасошот во износ од 120 денари.

Исто така ја потенцираме и другата значајна со Закон утврдена обврска за редовно вакцинирање на домашните миленици против беснило и соодветен третман против ендопаразити во интервал од една година. Трошоците се на сметка на сопственикот на животното и изнесуваат 590 денари на територијата на цела држава.

Во кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици вклучени се 146 ветеринарни друштва, со кои Агенцијата за храна и ветеринарство склучи договори за реализирање на оваа активност.

Списокот на ветеринарни друштва кои ќе вршат бесплатно микрочипирање на домашните миленици може да го преземете тука.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња