Почитувани,
По повод 28-ми септември Светскиот ден за борба против беснило Ветеринарната комора на РМ на ден 28.09.2017 организира тркалезна маса под наслов ,,Контрола на беснилото –нужност од сеопфатен општествен пристап,,
Цели на тркалезната маса се:
-Подигање на јавната свест за карактерот и опасноста од појава на болеста,
-Постапки и мерки за нејзина контрола и искоренување , утврдување на состојбите во РМ со нивната имплементација
-Поттикнување на соработка на сите засегнати институции
-истакнување на проблемот со бездомни кучиња и мачки како значајна алка во синџирот на пренос на вирусот
- Предлог мерки за зголемување на ефикасноста во борбата против беснилото
Поканети учесници на тркалезната маса: Агенција за храна и ветеринарство, Министерство за здравство, Факултет за Ветеринарана медицина Скопје, Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Ветеринарни друштва, Претставници од ЗЕЛС, Невладини организации (кои се грижат за заштита на животните), Ловни друштва.
Настанот ке се одржи во хотел “Континентал ” со почеток во 11 часот.
Со почит,
Ветеринарна комора на Македонија
Претседател
д-р Томислав Николовски