• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Светски ден на борба против беснилото

објавено на 28.09.2016

Светската здравствена организација го одреди 28 Септември за светски ден за борба против беснилото. Одбележувањето отпочна во 2007 година, кога беа вклучени 74 земји, за денес да бидат преку 125.
Датумот е одреден во чест на францускиот микробиолог Луј Пастер, кој ја развил првата вакцина против беснило, а која починал на 28 Септември 1895 год.

Беснилото е опасна и смртоносна заразна болест кај многу животински видови и човекот, предизвикана од вирус, кој го напаѓа нервниот систем и е 100% фатален кај невакцинираните единки.

Денес беснилото се среќава на сите континенти, освен на Антарктикот, а во развиените земји е под контрола. Преку 90% од смртните случаи се во Африка, Азија и Средниот Исток, каде вирусот е широко распространет. Според статистичките податоци преку 3,3 милиони луѓе живеат со ризикот од беснило, а 59 илјади луѓе годишно умираат низ целиот свет (половина од тоа се деца под 15 годишна возраст).

Една од причините за зголемениот број на жртви е ниската свест на сопствениците на животни за важноста на редовното вакцинирање против беснило.

Затоа целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне свеста, да се потенцира важноста на превенцијата и да стави под контрола оваа фатална болест.

На глобалниот состанок организиран од FAO, GARC, OIE, WHO, во Женева минатиот декември беше едногласно одлучено да се делува во остварување на целта, ,0,, од човечки жртви до 2030 година.

Оваа година, кога денот на борбата против беснилото се одбележува по десетти пат, логото е: Едуцирај, Вакцинирај, Елиминирај!

Во таа насока Ветеринарната комора на Република Македонија, како професионална асоцијација на докторите по ветеринарна медицина и Здружението на доктори по ветеринарна медицина во малата пракса, упатуваат апел до сите сопственици на домашни миленици да се зголеми свеста за ризикот од невакцинирање на домашните миленици, со цел да се зголеми опфатот на вакцинација, кој во овој момент е незадоволителен.

Исто така повикуваме да се покаже посветеност и одлучност на општествената заедницата да се обезбеди понатамошна поддршка за елиминирање на оваа фатална болест, како за животните, така и за човекот.

Вакцинирањето против беснило на кучињата и мачките е законска обврска, истата започнува на возраст од 4 месеци, а вакцината е потполно безопасна за миленикот. Ревакцинација се врши еднаш годишно.

Не чекајте! Вакцинирајте го вашиот миленик и помогнете во елиминација на беснилото!

ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЗДРУЖЕНИЕ НА ДВМ ВО МАЛА ПРАКСА

  logo msava 

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња