• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВЕТЕРИНАРНАТА МЕДИЦИНА

објавено на 26.04.2025

По повод одбележувањето на Светскиот ден на ветеринарната медицина, вчера на 25.04.2025 година во хотел Континентал во Скопје, Ветеринарната комора на Р.Македонија одржа состанок со своите членови со учество на Националниот координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика при Владата на Р. Македонија д-р Верче Мицевска и државниот советник за храна при Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Светлана Колариќ.

На состанокот се дискутираа клучните предизвици со кои се соочува ветеринарната професија и изнаоѓање на соодветни решенија и беше донесена Декларација за статусот и иднината на ветеринарната медицина во Р.Македонија.

ДЕКЛАРАЦИЈА

за статусот и иднината на ветеринарната медицина во  Република Македонија

Ние, членовите на Ветеринарната комора на Република Македонија, изразуваме сериозна загриженост за актуелниот статус на ветеринарната медицина во нашата држава и укажуваме на потребата од итни и суштински реформи и поддршка за одржлив развој на оваа професија со критична улога во заштитата на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје.

1. Значењето на ветеринарната медицина во општеството

  • Ветеринарната медицина претставува мултидисциплинарна дејност која опфаќа:
  • Клиничка пракса и дијагностика;
  • Превенција и контрола на заразни болести;
  • Обезбедување на безбедна и квалитетна храна од животинско потекло;
  • Придонес во зачувувањето на јавното здравје преку борба со зоонози, концепт ЕДНО ЗДРАВЈЕ

2. Постигнувања и предизвици

Благодарение на стручноста и ангажманот на ветеринарно-здравствените работници, доктори по ветеринарна медицина и ветеринарни техничари:

  • Република Македонија не е зафатена од сериозни епидемии кај животните;
  • Не се регистрирани значајни случаи на небезбедна храна;
  • Навремено се преземаат мерки за болести како африканска свинска чума, син јазик, чума кај малите преживари, беснило, бруцелоза итн.
  • Фармерите добиваат стручна поддршка и сервис во секојдневната работа.

И покрај ова:

  • Ветеринарната професија е најнископлатена меѓу високообразованите професии во државата (според податоци на ДЗС);
  • Во државата функционираат три факултети за ветеринарна медицина, кои заедно произведуваат помалку од 10 дипломирани студенти годишно;
  • Околу 50% од докторите по ветеринарнa медицина се вработени во јавниот сектор, што ја ограничува можноста за развој на приватната ветеринарна пракса;
  • Општествената перцепција за улогата на ветеринарите останува недоволно развиена.

3.  Апел до институциите

Со оваа декларација бараме:

  • Препознавање и афирмација на значењето на ветеринарната професија во националната политика за јавно здравје, земјоделство и храна;
  • Финансиска и институционална поддршка за развој на ветеринарната дејност;
  • Стимулација на млади кадри за студирање и професионален развој во ветеринарната медицина;
  • Јакнење на капацитетите на Ветеринарната комора и соработка со сите засегнати страни во креирањето на стратешки политики.

ЗАКЛУЧОК:

Ветеринарната медицина е витален дел од јавното здравје, безбедноста на храната и економијата. Препознавањето и развојот на оваа професија не е само стручна обврска, туку и општествена потреба. Повикуваме на итно дејствување за зачувување и зајакнување на оваа есенцијална гранка во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња