• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

ОДРЖАНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА “’АНГАЖМАНОТ НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА ВО УПРАВУВАЊЕ СО ПОПУЛАЦИЈАТА НА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА"

објавено на 29.11.2024

Аташето при сојузното Министерство на Република Австрија за социјала, грижа, здравство и заштита на потрошувачи во соработка со Ветернинарната комора и Агенцијата за храна и ветеринарство, на 29 Ноември 2024 година во „Клуб на пратеници“– Скопје организираше панел дискусија под наслов „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на бездомните кучиња“.

Овој настан беше организиран по иницијатива на Ветеринарната комора, а со цел воспоставување на нов принцип на решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња и преставува почеток на идните активности кои комората ќе ги реализира согласно „Стратегијата за справување со популацијата на кучиња“.

Настанот го поздрави Директорот на АХВ Г-дин Оливер Миланов, Конзулот на Австрија во Република Македонија Г-ѓа Барбара Грубер и Претседателот на Ветеринарната комора Д-р Жарко Михајлоски, а панел дискусијата ја модерираше Проф.Д-р Влатко Илиески.

На панел дискусијата учествуваа искусни експерти и стручни лица од Месерли институтот при Универзитетот за ветеринарна медицина од Виена Австрија, стручни лица од АХВ, доктори по ветеринарна медицина, членови на експертската група при Ветеринараната комора со искуство во третирање на кучињата скитници, претставници на невладини организации за заштита на животните, претставници на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка од Скопје, кои презентираа релевантни теми и искуства во работата со третман на популацијата на кучиња.

Свое излагање имаа:

  • Хервиг Грим од Месерли Институтот при Универзитет за ветеринарна медицина од Виена Австрија, на тема: Морален императив да се биде „одговорен сопственик на куче,
  • Софија Вирањи од Месерли Инситутот од Универзитет за ветеринарна медицина од Виена, Австрија на тема: Евалуацијата на интервенциите за управување со популацијата на кучиња,
  • Симон Хан (НВО-Vertreter, Gut Aiderbichl) Невладина организација од Австрија, на тема: Засолништа за кучиња на глобално ниво, примери за долгорочно засолниште,
  • Стефан Јовчевски од Ветеринарна комора на РСМ и Димитар Терзиевски од Агенција за Храна и ветеринарство на тема: Улога и инволвирање на ветеринарната служба со нејзиниот полн капацитет,
  • Милка Докузова, Хумани Градови Штип Претставник на НВО на тема: Подобрување на благосостојбата на бездомната популацијата на кучиња,
  • Радмила Пешева ЈП Лајка, прифатилиште за бездомни кучиња на тема: Финансиски трошоци и ограничувања на капацитетите што ги користат локалната заедница и прифатилиштата.

Во исклучително конструктивна и искрена атмосфера беа истакнати сите досегашни искуства, позитивни и негативни моменти од процесот на управување со популацијата на кучиња во нашата држава, што отвори опсежна дискусија во давањето идеи и предлози кон изнаоѓање идни решенија на овој исклучително сложен општествен проблем.


Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња