И оваа година, Ветеринарната комора на РСМ се приклучи на иницијативата на Светската Здравствена организација (СЗО) во одбележување на Светската недела за подигање на свеста за антимикробната резистенција (World Antimicrobial Awareness Week – WAAW).
По тој повод на 14.12.2023 година во хотел Александар Палас, во Скопје членови на Ветеринарна, Лекарска и Фармацевска комора беа дел од панел дискусијата “Заеднички во спречување на антимикробната отпорност”, која ја организира Здружението за одржлив развој БИОМ Скопје и Мултисекторска комисија за контрола на АМО при Министерство за здравство на РСМ со поддршка на Светска здравствена организација - регионална канцеларија за Европа.
Свое обраќање на панел дискусијата имаа Фатмир Меџити, министер за здравство, Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје, Ане Јохансон, шеф на Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија која се обрати преку видео изјава, Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство, Весна Ставрова, претседател на Фармацевска комора и Жарко Михајлоски, претседател на Ветеринарна комора.
На двата панела - Важноста на концептот Едно здравје во борбата против антимикробната отпорност и Нерационално препишување и употреба на антибиотици - еден проблем повеќе решенија, стручни презентации имаа претставници од скопскиот и штипскиот Медицински факултет, Агенција за храна и ветеринарство, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, и Фонд за здравствено осигурување на РСМ.