Со над 300 доктори по ветеринарна медицина ,учесници од земјата и регионот во хотелот Инекс Олгица во Охрид на 30 септември и 01 октомври 2023 година се одржа Конгресот со меѓународно учество “Први ветеринарно-медицински средби”
На официјалното отворање на Конгресот свои обраќања имаа Претседателот на Ветеринарната комора на РСМ д-р Жарко Михајлоски, Извршниот директор на Ветеринарната комора на РСМ, д-р Томислав Николовски; , Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, при Универзитетот Св.Кирил и Методиј - Скопје - проф.д-р Лазо Пендовски.Со пригодни подароци за ВКМ и поздравни говори се обратија и потпретседателот на Бугарскиот Ветеринарен Сојуз д-р Мирослав Парванов и претседателот на Ветеринарната комора на Косово д-р Арсим Адеми.Честа свечено да го отвори конгресот припадна на Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Николче Бабовски.
Во работниот дводневен дел на Конгресот полните сали доволно зборуваа за актуелноста на темите и способноста на предавачите да го задржат вниманието на аудиториумот. Еминентни професори од ветеринарно-медицинските факултети од Р.С. Македонија, Р. Хрватска, Р. Црна Гора, Р. Бугарија, Р. Албанија, Р. Косово и Р. Турција , како и ветеринарни специјалисти од клиничката пракса изложија предавања кои беа поделени во три Сесии: Ветеринарна медицина кај домашни миленици, Едно здравје (One Health) и ветеринарна медицина кај крупни животни.
Огромниот интерес на стручната јавност од земјава и регионот, кој овој настан го вбројува во најголем собир организиран од Ветеринарната комора,учеството на еминентни предавачи, поддршката и посветеноста на спонзорите, уверува дека интенцијата на организаторот истиот да прерасне во централна едукативна манифестација на ВКМ ,која во иднина ќе добива на квалитет и во организационен и стручен поглед и како таква ќе стане традиционална и препознатлива во пошироката стручна јавност.