На ден 27.01.2023 година, во салата на Домот на хуманитарни организации ,,Даре Џамбаз” во Скопје, членовите на Секцијата за мала пракса, при Одборот на ветеринарни практичари под претседателство на Потпретседателката на Одбор на ветеринарни практичари и Координатор на Секцијата за мала пракса, д-р Пандорче Тренкоска Спасовска го одржаа својот прв состанок.
На состанокот зедоа учество и Претседателот на ВКМ, д-р Жарко Михајлоски и Извршниот директор на Комората д-р Томислав Николовски.
Состанокот се одвиваше во конструктивна атмосфера , каде покрај целите и задачите и начинот на работа на Секцијата се дискутираше и за актуелни теми, како што се изработка на документ - стратегија за решавање на проблемот со бездомните кучиња , за која цел Секцијата формира петчлена работна група.
Исто така предмет на дискусија беше и непридржување до минималниот ценовник за ветеринарни услуги и други појави на нелојална конкуренција, барањето на АХВ за водење на евиденција за ВМП, како и предлози за потребата на малата пракса за формите , облиците и темите за спроведување на континуираната едукација во рамките на ВКМ.
Секцијата за мала пракса при Одборот на ветеринари практичари се формира согласно Статутот на Комората, списокот за пријавување е постојано отворен за сите интересенти, ДВМ кои работат исклучиво, или доминантно клиничка пракса кај домашните миленици.