07.04.2023
ПРВО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМИНАР
Почитувани колешки и колеги Ветеринарната комора на Република С. Македонија ве известува дека на ден 20.05.2023 година, (сабота) во ,,Офицерскиот Дом,, во Битола Ветеринарниот факултет при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски во Битола во соработка со Департманот за ветеринарна медицина на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад, а во коорганизација со Ветеринарната комора на Република С. Македонија, ќе одржи
СЕМИНАР ОД ОБЛАСТА НА ВЕТЕРИНАРНАТА МЕДИЦИНА
ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ | |
8:30 – 9:30 | Регистрација на учесниците |
9:30 – 9:45 | Свечено отворање на Семинарот |
9:45 – 10:25 | Пореметување на репродукцијата на машките кучиња – проблеми на ветеринарите и одгледувачите
|
10:25 – 11:05 | Дисплазија на колковите и лактите кај кучињата – меѓународни системи на сертифицирање
|
11:05 – 11:45 | Хипотиреоза кај кучиња – лабораториско дијагностички пристап
|
11:45 – 12:15 | Пауза за кафе |
12:15 – 12:55 | Терапија на болести на кожата кај коњи
|
12:55 – 13:30 | Пиометра кај кучиња и мачки
|
13:30 – 14:00 | Пауза за кафе |
14:00-14:40 | Пуерпериум кај крави
|
14:40 – 15:10 | Клинички пристап кон ендоскопијата и миниинвазивната хирургија од страна на докторот по ветеринарна медицина
|
15:10 – 15:30 | Делење на Сертификати за учество на Семинарот и презентација на спонзорите -штандови |
15:30 – 16:30 | Ручек – кетеринг |
Семинарот е акредитиран од Ветеринарната комора на Република С. Македонија со 9 (девет) бодови.
Котизацијата за учество на Семинарот изнесува 2.500 (две илјади и петстотини) денари со уплата на сметка на Ветеринарната комора: 200000003533314, Стопанска банка, Скопје,
цел на дознака: уплата за котизација за _ХХХХХ_ _ХХХ_ (име и презиме)
На денот на одржување на настанот котизацијата изнесува 3000 (три илјади) денари